Muhammed Bilal Kenasari
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Висок претставник на Министерството за надворешни работи на САД во врска со обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетулах Ѓулен истакна: „Тие повеќе наликуваат на лица што кријат пари за да можат криминалните организациии да ги исперат парите, отколку на едно невино религиозно движење. Можно е да се оправдани дел од обвинувањата поврзани со Ѓулен“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на американската информативна агенција АП, висок претставник од министерството кој сакал да остане анонимен, во својата изјава истакнал дека Владата на Турција испратила доволно обвинувачки документи за Фетула Ѓулен коишто се темелат на разумни основи.
Високиот претставник во својата изјава рекол дека фондациите и образовните институции со кои раководи ФЕТО имаат сомнителна структура и финансирање.
„Тие повеќе наликуваат на лица што кријат пари за да можат криминалните организациии да ги исперат парите, отколку на едно невино религиозно движење. Можно е да се оправдани дел од обвинувањата поврзани со Ѓулен“, рече високиот претставник од министерството.
Високиот претставник на Министерството за надворешни работи на САД потсети дека одговорните органи во САД продолжуваат со разгледувањето на поднесените документи во врска со обвинувањата дека зад државниот удар во Турција стои Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО.
Во врска со операциите што се спроведуваат во Турција врз членовите на организацијата по обидот за државен удар, високиот претставник нагласи: „Отворено ќе продолжиме да упатуваме повици до Турција да се придржува до демократските норми во операциите“.