свет

Иран: Бројот на починати како последица на заразување со коронавирус се зголеми на 4

Министерството за здравство на Иран информираше дека со новиот тип на коронавирус во таа земја биле заразени уште 13 лица, од кои 7 во Кум, 4 во Техеран и 2 во Гилан.

Muhammet Kurşun  | 21.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
Иран: Бројот на починати како последица на заразување со коронавирус се зголеми на 4

ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на зараза со коронавирус, во Иран починаа 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на Иран, соопшти дека со новиот тип на коронавирус во таа земја биле заразени уште 13 лица, од кои 7 во Кум, 4 во Техеран и 2 во Гилан.

Џиханпур појасни дека како последица на заразувањето починале уште 2 лица, со што бројот на починатите е зголемен на 4.

Претходно Министерството за здравство на Иран имаше соопштено дека во Кум починале 2 лица, кои биле заразени со коронавирусот.

Во светот со коронавирус се заразени повеќе од 76.700 лица. Како последица на зараза од овој вирус починаа 2.247 лица, од кои 2.238 во Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın