свет

Норвешка бележи рекордна цена на дизелот, експертите предупредуваат дека цените допрва ќе растат

„Никогаш досега не сме забележале повисоки цени на горивата во апликацијата за гориво. Денес првпат видовме цени на пумпите над 30 круни по литар“

İlayda Çakırtekin  | 24.03.2026 - Обновена : 25.03.2026
Норвешка бележи рекордна цена на дизелот, експертите предупредуваат дека цените допрва ќе растат

ИСТАНБУЛ (АА) – Норвешка денес забележа нов рекорд на цените на дизелот, кои надминаа 30 круни (околу 3 долари) за литар, додека експертите предупредуваат дека сè уште не е достигната највисока точка на поскапување, пренесува радиодифузерот НРК, јавува Анадолу.

„Никогаш досега не сме забележале повисоки цени на горивата во апликацијата за гориво. Денес првпат видовме цени на пумпите над 30 круни по литар“, изјави Сивер Орхаген, генерален менаџер на норвешката апликација за горива (Drivstoffappen), за НРК.

Орхаген, исто така, предупреди дека сѐ уште не е достигнат врвот на раст на цените на дизелот, нагласувајќи дека тие би можеле да се искачат и над 35 круни (3,61 долари).

Објаснувајќи ја врската меѓу дизелот и суровата нафта, аналитичарот за нафта Оле Хвалбје рече дека падот на цената на нафтата не значи автоматско поевтинување на дериватите.

„Иако цената на нафтата нагло паѓа, тоа не влијае директно врз цените на готовите производи“, истакна тој.

Хвалбје посочи дека тоа што цените на нафтата толку многу флуктуираат во текот на еден ден не е вообичаено.

Според него, такви движења се гледаат на годишно ниво, а не во рамките на еден ден.

Тој оцени дека ќе биде потребно време додека се нормализираат цените.

„Апсолутно е неопходно да видиме некаква форма на нормализација на поморскиот сообраќај, особено на комерцијалниот сообраќај низ Ормускиот Теснец кај извозот на нафта и гас, за цените значително да паднат“, изјави Хвалбје за НРК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.