Haydar Hadi
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Поради судирите што ја зафатија Фалуџа, во покраината Анбар во Ирак, своите домови беа принудени да ги напуштат 12.400 семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на минатата недела, Фалуџа ја напуштија 12.400 семејства. Овие семејства кои се принудени на внатрешна миграција, пред да се вратат дома ќе бидат предмет на контрола од страна на припадниците на безбедносните сили”, изјави портпаролот на министерството за миграции и бегалци, Сетар Невроз.
Невроз истакна дека им е потребна помош во поправката на штетата на домовите на населението и јавните институции.
Според податоците на ОН, во моментов во Ирак има над 3,4 милиони раселени лица, од кои половина се деца, додека на над 10 милиони очајно им треба хуманитарна помош.