Bekir Aydoğan
06 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
ЕРБИЛ (АА) - Терористичката организација ПКК ги нападна силите на Пешмерга поврзани со Регионалната курдска управа во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на медиумот „Курдистан 24“, со седиште во Ербил, ПКК ги нападна силите на Пешмерга во областа Сидекан во Ербил.
Бехрем Ариф Јасин, командантот на Пешмерга, во изјавата дадена во врска со нападот рече дека ПКК ги нападнала Пешмергите во Сидекан и дека во нападот нема загубени животи или повредени.
На 12 март експлозивна направа поставена од страна на терористичката ПКК на патот во областа Сидекан активирана е при минување на возило што им припаѓало на Пешмергите.
Во инцидентот загина еден припадник на Пешмергите, а еден беше повреден.