Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
06 мај 2021•Ажурирај: 08 мај 2021
БОГОТА (АА) - Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.811 лица во Бразил, 267 во Мексико, 663 во Аргентина, 388 во Колумбија, 30 во Чиле, 44 во Еквадор и 76 во Парагвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.811 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 414.399.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 73.295, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.930.183.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.529.572 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 267 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.021 новозаразен.
Во Мексико досега се регистрирани 218.007 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.355.985, а досега оздравеа 1.877.347 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 663 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 65.865. Во истиот период детектирани се 24.079 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.071.496.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.734.465 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 388 лица, така што вкупниот број смртни случаи се искачи на 76.15.
Во последното деноноќие детектирани се 14.806 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.934.611. Во оваа земја досега оздравеа 2.754.940 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 30 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 26.726.
Во истиот период регистрирани се нови 3.791 случај на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.222.949, а оздравеа вкупно 1.160.945 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 44 смртни случаи, вкупно 18.907 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.806 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 393.048.
Досега во Еквадор оздравеа 329.582 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 76 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.307 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 288.097, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.798.
Досега оздравеа 239.165 лица позитивни на коронавирусот.