Talha Yavuz
06 мај 2021•Ажурирај: 07 мај 2021
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека со американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за прашањето за поддршка во воената опрема, вклучувајќи ги и системите за противвоздушна одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за „Си-ен-ен“ (CNN), Кулеба изјави дека Украина од САД ќе бара системи за противвоздушна одбрана и технологија против дејствувањето на снајперистите.
Во моментите додека траат тензиите помеѓу Украина и Русија, Кулеба порача дека со Блинкен ќе разговара за прашањето на американската поддршка во воената опрема.
„Сакам јасно да кажам дека не се работи за помош на САД, туку и за купување. Сакаме ова партнерство да биде двонасочно“, изјави украинскиот министер за надворешни работи.
Блинкен денеска пристигна во Украина во официјална посета каде што би требало да се состане со украинскиот претседател Владимир Зеленски и со министерот Кулеба.