Haydar Karaalp
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
БАГДАД
Ирачкиот министер за нафта, Ихсан Абдуџебар, истакна дека големите странски нафтени компании, како што е „Бритиш петролеум“ (British Petroleum (BP)), сакаат да се повлечат од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на пратенички прашања во Парламентот, Абдуџебар се осврна на состојбата на странските нафтени компании во Ирак.
„Компанијата ‘Ројал дач шел' (Royal Dutch Shell) се повлече. ‘Бритиш петролеум (BP)‘ исто така сака да се повлече“, рече Абдуџебар и додаде:
„'Лукоил' сака официјално да ги продаде своите акции на кинески компании. 'Ексон мобил' (ExxonMobil) исто така се повлече. Друга британска нафтена компанија беше повлечена од регионот Зубејр во Басра. Инвестициската клима во Ирак не е погодна за заштита на големите инвеститори. Сите големи инвеститори бараат други пазари или други партнери. Во сегашната конјунктура, овие компании не можат да останат во Ирак.“