Ali Semerci
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
БАГДАД (АА) - Франција ги повлече своите војници од меѓународните коалициски сили за борба против терористичката организација ДЕАШ, предводени од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави ирачката официјална агенција „ИНА“, Абдулќерим Халеф, воениот портпарол на премиерот и главниот командант Адил Абдулмеди, кој поднесе оставка на 29 ноември 2019 година поради демонстрациите во земјата, рекоа дека француските сили од коалицијата против ДАЕШ го напуштиле Ирак.
Портпаролот Халеф не ја образложи причината за повлекувањето на француските војници од Ирак.
И чешкото Министерство за одбрана денес соопшти дека ќе ги повлече своите трупи од Ирак, по зголемената опасност поради коронавирусот и нападите насочени кон коалиционите сили.
Според најновите информации во Ирак, бројот на лица кои починале од Ковид-19 е 28, а бројот на заболени 316.