Barış Seçkin
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
РИМ (АА) - Бројот на луѓе што починаа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Италија денес е зголемен за 683, со што бројката на починати се искачи на 7.503, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради зголемена телесна температура на директорот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, новите податоци за Ковид-19 ги сподели службеникот за цивилна одбрана, Агостино Мизо.
Мизо не даде информации за тоа дали Борели има Ковид-19.
Тој соопшти дека бројот на случаи на коронавирус во земјата се зголемил на 57.521, а вкупниот број, заедно со тие што починале и излекуваните изнесува 74.386.
Мизо исто така соопшти дека денес се излекувани вкупно 1.036 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 9.362.
Бројот на луѓе што починаа од новиот вид на коронавирус (Ковид-19) во Италија денес е зголемен за 683, со што бројката на починати се искачи на 7.503 лица.
- Постои постепено намалување на бројот на нови случаи -
Во податоците објавени од Цивилната заштита, забележано е дека во последните 4 дена стапката на раст на случаи се намалува постепено. Во Италија на 21 март бројот на нови случаи дневно изнесувал 4.821, денес таа бројка изнесува 3.491.
Атиљио Фонтана, гувернерот на регионот Ломбардија, каде што се забележани најголем број на случаи Ковид-19, исто така потврди дека има застој во бројот на нови случаи.
Во меѓувреме, заменик-генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за стратешки иницијативи, доктор Раниери Гера, за италијанското радио изјави дека очекуваат вирусот во Италија до крајот на оваа недела да се искачи на самиот врв.