свет, Коронавирус

ОН со глобален план за помош на најсиромашните земји во борбата против Ковид-19

„Денес започнуваме глобален план за хуманитарна помош вреден 2 милијарди долари за поддршка на борбата против појавата на Ковид-19 во најсиромашните земји во светот“

Betül Yürük  | 25.03.2020 - Обновена : 26.03.2020
ОН со глобален план за помош на најсиромашните земји во борбата против Ковид-19

ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека коронавирусот му се заканува на целото човештво и дека индивидуалната борба на државите нема да биде доволна, поради што целиот свет треба заеднички да се бори против вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Потсетувајќи дека дури и богатите земји со силни здравствени системи се под притисок поради вирусот, Гутереш рече дека Ковид-19 допрел и до земјите кои се борат со хуманитарни кризи предизвикани од војни, природни катастрофи и климатски промени.

Тој наведе дека жителите на тие земји тешко имаат пристап до чиста вода и сапун, и предупреди дека уште потешко ќе стигнат до легла и респиратори во случај на критична состојба.

„Денес започнуваме глобален план за хуманитарна помош вреден 2 милијарди долари за поддршка на борбата против појавата на Ковид-19 во најсиромашните земји во светот“, рече Гутереш и ги повика владите да го поддржат глобалниот план за помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.