Esat Fırat
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Палестина е регистриран првиот смртен случај предизвикан од новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на палестинската Влада, Ибрахим Мулхем, на прес-конференција во Рамала изјави дека 60-годишна жена со сериозни здравствени проблеми починала пред да биде дијагностицирана од Ковид-19, но резултатите на тестовите кои биле земени пред нејзината смрт покажале дека била заразена од коронавирусот.
Мулхем, не давајќи информации за идентитетот на жената, соопшти дека двајца нејзини синови и сопругот се заразени со вирусот.
Портпаролот исто така рече дека бројот на лица дијагностицирани со Ковид-19 во окупираните Западен Брег и Појасот Газа се искачил на 64, а 17 од нив се излекувани.