Haydar Karaalp
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
БАГДАД (АА) - Додека ирачката шиитска група „Хашд ал Шаби“, позната по својата блискост со Ирак, упати повик за повлекување од пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад, бригадите на милициите на Хезболах информираа дека нема да се приклучат на тој повик, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на бригадите на Хезболах собрани пред Амбасадата на САД во Зелената зона истакнаа дека нема да го послушаат повикот за повлекување упатен од страна на „Хашд ал Шаби“.
Членовите на ова движење кои не сакаат да ги соберат поставените шатори, инсистираат да останат на тој простор.
Некои водечки имиња од редовите на бригадите на Хезболах, во соопштението што го дадоа пред Амбасадата, истакнаа „Нема да го напуштиме ова место сѐ додека окупаторските сили [САД] не го напуштат Ирак и не ја испразнат Амбасадата.“
Од друга страна, една група поврзана со „Хашд ал Шаби“, ја затвори за сообраќај улицата „Ебу Наус“, покрај реката Диџле, надвор од Зелената зона. Поставувајќи шатори и позиционирајќи се, започна протест.
Организацијата „Хашд ал Шаби“ во Ирак, која е позната по својата блискост со Иран, пред кус временски период упати повик до своите милиции да се повлечат од пред Амбасадата на САД во Багдад.
И премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, вчера даде писмено соопштение во кое ги повика приврзаниците на „Хашд ал Шаби“ да се повлечат од пред Амбасадата.
Бригадите на Хезболах или Ирачки Хезболах, кој е поддржан од Иран, е еден од елементите на „Хашд ал Шаби“.