Haydar Karaalp
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
БАГДАТ
Потсекретарот за национална безбедност на Ирак, Касим Араџи истакна дека присуството на терористичката организација ПКК во Ирак не е ниту легално, ниту легитимно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за ирачкиот официјален телевизиски канал, Араџи се осврна на присуството на ПКК во неговата земја.
Нагласувајќи дека присуството на ПКК во Ирак не е ниту легитимно, ниту легално, Араџи рече: „Како ирачка влада, ние сме решени да ставиме крај на ова прашање.“