Ekipa
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
РАБАТ (АА) - Петгодишното дете од Мароко, што со денови беше заглавено во бунар во северниот дел на Мароко, починало пред спасувачите да стигнат до него, објави денес државната новинска агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Спасувачите успеаја да стигнат до Рајан Аврам доцна синоќа по пет дена копање за да дојдат до него во бунарот длабок 32 метри. Тој беше префрлен во болница на Кралската мароканска жандармерија каде што била констатирана смрт.
Детето падна во бунарот во вторникот, а неговата трагедија донесе сочувство од целиот свет, милиони луѓе ги следеа спасувачките напори во последните пет дена.
Вчера, мароканскиот крал Мухамед VI разговараше со родителите на Рајан и им изрази сочувство за трагичната несреќа.