Haydar Hadi
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот Парламент донесе одлука да не дозволи присуство и создавање бази на ниту една странска воена сила во Киркук, освен за силите на централната власт, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Парламентот донесе одлука за да не дозволи присуство и создавање на бази на ниту една сила во Киркук и во другите спорни региони, освен за федералните сили“, се вели во соопштението на Парламентот.
Исто така, Парламентот донесе одлука да ги казни лицата кои ќе истакнат израелско знаме во населените места.
Безбедносните сили на Ирак на 15 октомври целосно ја презедоа контролата над Киркук, кој околу 3 години беше под контрола на пешмергите.