Ekipa
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
ЕРБИЛ (АА) - Во ирачкиот град Синџар се откриени 31 масовна гробница од кои се ексхумирани посмртните остатоци на 1.646 припадници на језидското етничко малцинство, кои беа жртви на терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехма Халил, началник во мосулското подрачје Синџар, за АА изјави дека од ослободувањето на тоа место од терористите на ДЕАШ, во ноември 2015 година, досега се откриени 31 масовна гробница со посмртните остатоци од жртвите на масовните злосторства што терористите ги извршиле над припадниците на локалната језидска заедница.
„Досега се екхумирани посмртните остатоци на 1.646 лица, а ексхумацијата на повеќе локации и понатаму е во тек. Трагаме и по уште најмалку 20 масовни гробници за кои имаме одредени сознанија, но не и информаии за прецизните локации каде што се наоѓаат“, изјави Халил.
Терористите на ДЕАШ го контролираа Синџар од август 2014 година до ноември 2015 година, кога тој регион го ослободија курдските вооружени сили пешмерга, во северниот дел на Ирак.
Кризата во Синџар ја искористија и припадниците на терористичката организација ПКК, која од летото 2014 година дејствува во тој регион, во голем број новоотворени кампови на планината Сињар.