Said İbicioğlu
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АНБАР (АА) – Осумнаесет милитанти на терористичката организација ДЕАШ загинаа во воздушниот напад на Меѓународните коалициски сили извршена во провинцијата Анбар во Ирак, јавува Anadolu Agency (АА).
Бригадниот генерал Касим Мухамеди, командант на операциите во подрачјето на Џезира, во изјава за АА истакна дека коалициските авиони извршиле напад врз штабот на ДЕАШ во градот Ел-Каим, кој се наоѓа во провинцијата Анбар. Ирачкиот командант истакна дека во нападот биле убиени 18 милитанти.
Од друга страна, се наведува дека во југоисточниот дел на Мосул, ДЕАШ извршил напад врз цивили кои чекале да им се подели помош.
Бригадниот генерал Мухамед Фајсал пренесе дека 4 лица загинаа, а шестмина се ранети во минафорлачкиот напад на терористичката организација.