İdris Okuducu
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
ЕРБИЛ (АА) - Во вооружениот напад извршен во ресторан, во ирачкиот град Ербил, загина вработен во турскиот Конзулат во Ербил, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, дипломатите вработени во турскиот Конзулат во Ербил биле изложени на вооружен напад во ресторан.
Како што соопшти сопственикот на ресторанот, откако дипломатите влегле во ресторанот, напаѓачот опремен со две оружја директно отворил оган врз вработените на Конзулатот.
Во нападот животот го загуби еден турски дипломат.
Началникот на Полицијата во Ербил, Абдулхалик Талат, истакна дека е започната истрага за овој случај, и дека деталите ќе бидат откриени подоцна.
Се вели дека сите патишта кои водат од Ербил кон другите градови се затворени за сообраќај заради фаќање на напаѓачот или напаѓачите.