Hacer Başer
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Во операцијата на ирачките сили за ослободување на Тал Афар од терористичката организација ДЕАШ, ослободени се 3 населени места кои се наоѓаат западно од овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Поручникот Баха ал Мајахи за АА изјави дека силите на федералната полиција и милицијата „Хашди Шаби“ воспоставиле контрола врз населените места Мула Јасим, Абра Азиз и Мухсин ел-Адаби.
Поручникот Мајахи додаде дека во текот на операцијата во Мула Јасим и Абра Азиз се убиени 22 милитанти на ДЕАШ.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади на 20. август соопшти дека е започната голема операција за ослободување на Тал Афар од ДЕАШ. Во операцијата учествуваат ирачката војска, силите на федералната полиција и милициите на „Хашди Шаби“.
Терористичката организација ДЕАШ на 16. јуни 2014 година го зазеде градот Тал Афар, во којшто во најголем број живее туркменско население.