Haydar Hadi
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку 11 лица починаа, а 27 се ранети во самоубиствениот напад во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полициски извори се дознава дека нападот го извеле две лица кои се разнеле во квартот Нехраван, во југоисточниот дел на Багдад
Ранетите лица се префрлени во најблиските болници.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.