Hacer Başer
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ГАЗА (АА) - Двајца Палестинци се ранети во Газа во два одвоени инциденти во кои израелските сили користеле огнено оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Здружението на палестински рибари во Газа, Низар Ајаш, за АА изјави дека израелските сили отвориле оган врз рибарите кои ловеле во морето.
Тој изјави дека еден рибар е ранет во нога и дека е згрижен во болница.
Израелските сили утринава ранија уште едно палестинско момче на источниот дел на Газа. Момчето исто така е рането во нога.