Muhammed Macid,Hacer Başer
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ГАЗА (АА) – Израелски сили уапсиле десетина рибари во текот на нивниот лов на отворено во појасот Газа, јавува Anadolu Agency (АА).
Според изјавата на Низар Ајаш, претседателот на Палестинскиот синдикат на рибарите, израелската војска уапсила десетина палестински рибари кои ловеле на отворено море, под сомнение дека ја преминале дозволената линија во опсег од 9 милји.
Приведените рибари биле однесени на пристаништето Ашдод, при што им биле конфискувани четири рибарски чамци.
Израелската влада, на 30-ти март даде согласност за зголемување на дозволениот опсег за ловење риби на брегот од појасот Газа, од претходно дозволените шест на девет милји.
Од месец август 2014 до сега, како што наведува Палестинскиот синдикат на рибарите, дошло до приведување на голем број рибари, од кои повеќето биле пуштени на слобода, но петмина сè уште се наоѓаат во притвор.