Safiye Karabacak
20 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ГАЗА
Турската хуманитарна организација ИХХ, по повод месецот Рамазан подели помош на многумина семејства кои имаат потреба од помош во Појасот Газа, кој се наоѓа под израелска блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Махмуд ес-Сурафа, координатор на ИХХ во Газа, изјави дека по повод месецот Рамазан одлучија да пружат помош на луѓето во Газа кои живеат во тешки животни услови.
Истакна дека во текот на светиот муслимански месец неколку стотици семејства добија пакети со прехранбени производи, купони за храна и ифтари.
Досега се поделени вкупно 15.140 ифтари, 1.250 пакети со животни намирници и 2 илјади купони за храна.
Близу 2 милиони Палестинци во Појасот Газа живеат во тешки услови поради долгогодишната израелска блокада.