Emel Öz
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ЊУЈОРК
Вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови е прогласена во американскиот град Њујорк. Поплавите во Њујорк и во градот Пасеик во сојузната држава Њу Џерси одзедоа 8 животи, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде полицијата на Њујорк се наведува дека 7 лица, меѓу кои и едно дете, ги загубиле животите во Њујорк од бурата и поплавите што го зафатија градот.
Хектор Лора, градоначалникот на Пасеик, информира дека едно лице, чиј автомобил бил поплавен во градот Пасеик кој беше зафатен од дождовите, го загубило животот.

Бил де Бласио, градоначалникот на Њујорк, на социјалната мрежа Твитер објави дека е прогласена вонредна состојба во Њујорк поради обилните дождови.
Посочувајќи на силните врнежи од дожд и поплавите што го зафатија градот, Бласио нагласи дека се борат со историски временски непогоди.
Управата за транспорт на Њујорк објави дека сите услуги се прекинати поради поплавување на метро-станиците.
Во објавите поставени на социјалните мрежи се наведува дека метрото не може да се користи поради поплавата, а од луѓето е побарано да се држат подалеку од метроата и поплавените подрачја.