Ali Abo Rezeg
26 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските сили притворија 11 Палестинци во синоќешните рации на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Израелската војска се истакнува дека Палестинците биле приведени поради „сомнение за вклученост во непријателски активности“, без да се дадат одредени детали за природата на овие наводни активности.
Израелската армија спроведува чести кампањи за приведување Палестинци низ Западниот Брег, како и во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), со образложение за потрага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските податоци, речиси 5.700 Палестинци, меѓу кои голем број деца и жени, моментално се наоѓаат во израелските притворни центри.