Behlül Çetinkaya
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Премиерот на Пакистан, Имран Кан, соопшти дека Турција, Пакистан и Малезија донеле одлука за основање на заеднички ТВ-канал, кој ќе емитува на англиски јазик со цел водење борба против предизвиците предизвикани од исламофобијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Малезија, Махатир Мухамед, и пакистанскиот премиер, Кан, одржаа трилатерален состанок во Њујорк во рамките на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
„На денешниот состанок што го одржавме заедно со претседателот Ердоган, премиерот Махатир и јас, ние како три земји донесовме одлука за основање канал кој ќе емитува на англиски јазик со цел водење борба против предизвиците предизвикани од исламофобијата, како и да ги коригираме погрешните информации што се знаат во врска со нашата величествена религија, исламот“, напиша Кан на Твитер во врска со овој состанок.
Кан нагласи дека погрешните сфаќања што ги зближуваат луѓето против муслиманите ќе бидат коригирани на овој начин.
„Прашањата поврзани со бласфемијата ќе бидат соодветно контекстуализирани, ќе бидат произведени сериски и играни филмови што ќе ја раскажат историјата на муслиманите со цел едуцирање и информирање на нашиот сопствен народ, и на светот; и на муслиманите ќе им биде даден одреден медиумски простор“, додаде пакистанскиот премиер.