Hayati Nupus
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку три лица загинаа и три се повредени во силниот земјотрес кој денес ги погоди островите Малуку во источниот дел на Индонезија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Повредените хоспитализирани во локалната болница и во здравствените центри во близина“, изјави Агус Вибово, портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи.
„Многу жители заминаа во домовите на своите најблиски роднини“, изјави Вибово.
Тој изјави дека во земјотресот се уништени голем број објекти, потоа мостови и главни патишта кои водат до пристаништето, како и кампус згради на неколку универзитети.
„Земјотресот исто така уништи и неколку цркви и џамии околу градот“, рече тој.
Индонезиската провинција Малуку ја потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени.
Индонезискиот институт за метеорологија, клима и геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 40 километри североисточно од Амбон, главниот град на провинцијата Малуку, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот следуваше уште еден помал потрес со магнитуда од 5,6 степени.