Ekipa
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските сили застрелаа Палестинец во бегалскиот камп Календија, кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, израелските сили утрово вршиле рација во бегалскиот камп Календија, каде што отвориле оган врз е возило во кое се наоѓал Али Адван.
Се истакнува дека Адван го загубил својот живот во отворениот оган од страна на израелските војници.
Палестинските здравствени извори велат дека израелските војници околу еден час го задржале трупот на Адван, а потоа го предале на палестинскиот здравствен центар.