Beril Çanakcı
18 Ноември 2026•Ажурирано: 18 Ноември 2026
Речникот на Кембриџ денес го прогласи зборот „човек“ за збор на годината за 2026 година, истакнувајќи дека изборот одразува година на јавно размислување за тоа како луѓето се разликуваат од сè поспособните машини, јавува Анадолу.
Речникот го дефинира зборот како поседување квалитети, недостатоци и чувства на луѓе, а не на богови, животни или машини.
Според неговиот издавач, Кембриџ университи прес & асесмент (Cambridge University Press & Assessment), таа последна разлика доби ново значење. Писателите, актерите и музичарите се спротивставија на копии од нивните дела генерирани од вештачка интелигенција, додека термини како „Создадено од човекот“ добија на популарност за да покажат дека нешто е произведено од личност.
Лексикографката Колин Мекинтош рече дека загриженоста за потпирањето на вештачката интелигенција за размислување ги натера луѓето да ја преиспитаат својата зависност од технологијата.
Рејчел Адамс, експерт од Универзитетот Кембриџ за управување со вештачката интелигенција и човекови права, рече дека технологијата подига прастари прашања за идентитетот.
„Вештачката интелигенција ќе биде длабок тест за човештвото“, рече таа.
Изборот го следи изборот на Речникот на Кембриџ за 2025 година за „парасоцијален“, термин што ги опишува едностраните врски што луѓето ги развиваат со познати личности, онлајн личности или чет-ботови со вештачка интелигенција.