Ekrem Biçeroğlu,Mohamed Majed
23 Август 2024•Ажурирај: 24 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија уби четворица Палестинци во напад врз возило во градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, известува Анадолу.
Во изјавата што од болницата „Насер“ ја дадоа за АА, израелската армија со беспилотно летало извршила напад врз возило во градот Хан Јунис.
Во нападот со дрон убиени се четворица Палестинци.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се повеќе од 40.260 Палестинци, меѓу кои најмалку 16.480 деца и 10.980 жени. Во нападите се ранети над 93.000 лица.
Претставниците на палестинската енклава наведуваат дека илјадници убиени Палестинци сѐ уште се наоѓаат под урнатините.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, Израел продолжува да ја уништува цивилната инфраструктура, таргетирајќи болници и образовни институции во кои се засолнети раселените Палестинци кои бегаат од нападите на израелската армија.
Поради израелските напади, испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа.