Ekip
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
РАМАЛА
Израелските сили приведоа 29 Палестинци, вклучително 2 студентки, во рациите спроведени во текот на ноќта на окупираниот Западен Брег, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државната новинска агенција ВАФА (WAFA) објави дека 12 лица се приведени во рациите што израелските сили ги спроведоа во градот Абу Дис, источно од Кудс, 9 лцаи се приведени во Тулкарм, 4 во Наблус и 3 лица во Џенин.
„Две студентки се помеѓу притворените во Наблус“, објави ВАФА.
„Израелските сили приведоа 17-годишен Палестинец во градот Текоа, Витлеем“, објави новинската агенција.
Израелската армија спроведува чести кампањи за приведуњ низ Западниот Брег, вклучително и во окупираниот Кудс (Ерусалим), под изговор дека се трага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските невладини организации, во израелските затвори се притворени околу 4.400 Палестинци.