Zeynep Hilal Karyağdı
28 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
РАФА (AA) - Израелската војска изврши артилериски напад во градот Рафа кој се наоѓа во Појасот Газа, при што беа повредени двајца Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските артилериски трупи извршија напад во населбата Нахда во Рафа, кој се наоѓа во јужниот дел на Газа. Како резултат на нападот, повредени се двајца Палестинци, кои потоа биле пренесени во болницата „Шехит Ебу Јусуф ен Неџар“ од страна на медицинскиот тим на палестинската Црвена полумесечина.
Болнички извори велат дека едно лице кое е повредено во главата со шрапнел, се наоѓа во тешка состојба, и е пренесено во Европската болница во Хан Јунус.
Другиот Палестинец е повреден во грбот и рамото со шрапнел, но не се наоѓа во тешка состојба.
Израелските власти не дадоа изјава околу случајот.