?kipa
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ја бранеше својата одлука за отворање на границите на Германија за мигрантите во 2015 година, велејќи дека тоа е голем хуманитарен гест, кој помага да се намали притисокот врз другите европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор денес во Парламентот, пред да отпатува на самитот на Европската Унија во Брисел, Меркел им рече на пратениците дека лидерите на Австрија и Унгарија лично апелирале за помош на Германија во 2015 година, кога мигрантите пристигнале во нивните земји.
„Рековме дека ќе помогнеме во исклучителната ситуација, а сега, како и тогаш мислам дека тоа беше вистинска одлука“, додаде Меркел.
Меркел, исто така, рече дека ситуацијата сега се променила и дека на Европа ѝ требаат заеднички решенија за прашањето за мигрантите.
Иако постојат поделби по прашањето за мигрантите во Европа, повеќето земји се согласија за потребата од намалување на миграцијата, запирање на криумчарите и зајакнување на надворешните граници на Европа.