Ekipa
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија денес започна ненадејна воена вежба на окупираната Голанска Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Предмалку започна воена вежба од големи размери во подрачјето на Голанската Висорамнина“, се вели во соопштението на Армијата.
Во соопштението се додава дека како дел од вежбата активиран е системот за повик на резервисти.
Портпаролот на Армијата истакна дека вежбата била планирана однапред како дел од овогодишниот распоред за обука и е наменета за одржување на подготвеноста на силите.
Израел го окупира поголемиот дел од сириската Голанска Висорамнина во војната во 1967 година.
Денешната вежба се случува во услови на тензии долж сириско-израелската граница, во кои Израел ги обвинува Иран и либанската група Хезболах за воено присуство во Сирија.
Иран и Хезболах се силни сојузници на сирискиот режим на Башар ал Асад, чии сили се борат против опозициските групи во граѓанската војна која започна во 2011 година.