Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
КИНГДАО (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека е подготвен да се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Во кинескиот град Кингдао, во покраината Шандунг, на Самитот на Шангајската организација за соработка (SCO), рускиот претседател Путин ја искажа својата загриженост од обновената трка во вооружување од страна на Трамп, истакнувајќи дека е потребно организирање сеопфатна дискусија за тоа прашање.
Путин соопшти дека доколку Вашингтон е подготвен, можна е заедничка средба со Трамп, предложувајќи неколку земји, меѓу кои и Австрија како можни домаќини на средбата.
Од друга страна, Владимир Путин во своето обраќање го критукуваше излегувањето на САД од Договорот со Иран за нуклеарната програма.
Путин рече дека членовите на Самитот на Шангајската организација за соработка се загрижени од ставот на САД, истакнувајќи дека одлуката „ќе ја дестабилизира ситуацијата“.
Претседателот на Русија додаде дека раководството од Москва ќе продолжи да ги исполнува своите обврски во рамките на Договорот за нуклеарната програма со Иран.