Ekipa
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
КАНАДА (АА) - На состанокот на лидерите на Самитот Г-7, одржан во Канада, се зборуваше за состојбата на океаните и климатските промени во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го напушти Самитот и не учествуваше во дебатата за климатските промени и загадувањето на океаните.
Причината за раното заминување на Трамп е 20-часовниот лет до Сингапур, каде што на 12 јуни ќе одржи средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
Разговорите за климатските промени не беа приоритет на агендата на американскиот лидер, по излегувањето на Вашингтон од Парискиот договор за климатските промени минатата година.
Трамп присуствуваше на доручекот каде што канадските лидери разговараа за конкретните акции за самитот Г-7 како што се половата рамноправост и јакнење на положбата на жените во општеството.
Американскиот претседател задоцни на појадокот, поради што канадскиот премиер Џастин Трудо и амбасадорката на Канада во Франција, Изабел Хадсон, ги повторија своите воведни зборови.
Во саботата Канада предложи нови мерки против употребата на пластика, со што би започнало чистењето на светските океани и би се запреле 8 милиони тони пластика кои секоја година се фрлаат во водите.
Исто така, земјите кои не се членки на Г-7, но ја примија поканата од Канада како домаќин на Самитот, беа вклучени во дискусиите за океаните.
Членки на Самитот Г-7 се Канада, САД, Велика Британија, Италија, Франција, Германија и Јапонија.