свет

Идлиб: Неутрализирани 63 елементи на силите лојални на режимот на Асад

- Во зоната за деескалација во Идлиб, на северозападниот дел на Сирија, неутрализирани се 63 елементи на силите лојални на режимот на Башар ал Асад, соопшти денес Министерството за одбрана на Турција

Faruk Zorlu  | 14.02.2020 - Обновена : 15.02.2020
Идлиб: Неутрализирани 63 елементи на силите лојални на режимот на Асад

АНКАРА 

Во зоната за деескалација во Идлиб, на северозападниот дел на Сирија, неутрализирани се 63 елементи на силите лојални на режимот на Башар ал Асад, соопшти денес Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Според последните информации добиени од различни извори во регионот Идлиб, неутрализирани се 63 елементи на сирискиот режим“, наведоа на Твитер од Министерството.

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.

Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın