Ömer Olcay
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција, соопшти дека приведени се тројца терористи во регионите на турските операции во Сирија „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пред да ги реализираат своите предавнички планови во регионите на „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“ фатен е по еден терорист на ПКК/ЈПГ, додека во регионот „Штитот на Еуфрат“ фатен е еден терорист на ДЕАШ“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „ Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.