Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турција ја започна третата фаза од антитерористичката операција во источниот дел на земјата, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека операцијата „Јилдирим-3“ (Молња) е во тек во источните турски области Агри и Игдир, како и во североисточната област Карс.
Операцијата е покрената со цел потполно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација и неутрализирање на терористите кои се кријат во регионот.
Во операцијата се вклучени вкупно 1.170 припадници на безбедносните сили, меѓу кои и командоси на жандармеријата и полициските специјални сили.
Во соопштението се додава дека операциите против терористите во регионот ќе продолжат без сопирање.
Претходно, Министерството соопшти дека на 19 јули започната е операцијата „Јилдирим-2 Кило“ за неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.
Во операцијата „Јилдирим-3 Кило“, исто така, учествуваа вкупно 1.106 припадници на безбедносните сили, меѓу кои жандармериски командоси, полициски специјални сили и локални безбедносни тимови.
Извори за АА изјавија дека во антитерористичките операции, односно во операцијата „Јилдирим“, неутрализирани се вкупно осум терористи.
Изворите соопштија дека во рамки на операцијата уништени се и дванаесет пештери, засолништа и складишта, а запленети се одедено количество оружје и муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.