Турција, образование

Турција освои два златни медали на европскиот натпревар по физика

Од турскиот тим, Јунус Емре Пармаксиз и Бајрам Алп Шахин освоија злато, Ојку Сила Ѓунер и Мерт Унсал освои сребро, додека Јаман Бора Отузбир доби почесно признание

Seda Sevencan  | 27.07.2020 - Обновена : 28.07.2020
Турција освои два златни медали на европскиот натпревар по физика

АНКАРА (АА) - Турција освои два златни и два сребрени медали на 4. Европска олимпијада за физика, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), натпреварот се одржал онлајн на 18 јули и на него учествувале 250 ученици од 57 земји.

Од турскиот тим, Јунус Емре Пармаксиз и Бајрам Алп Шахин освоија злато, Ојку Сила Ѓунер и Мерт Унсал освои сребро, додека Јаман Бора Отузбир доби почесно признание.

Европската олимпијада за физика е годишно натпреварување за средношколци од Европа и други места од светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.