Ali İhsan Çam
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
АНКАРА
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара, Дејвид Сатерфилд, повикан е на разговор во Министерството за надворешни работи на Турција поради изјавите што американскиот претседател Џо Бајден ги даде во врска со настаните од 1915 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименуван дипломатски извор соопшти дека американскиот амбасадор Сатерфилд бил примен од заменик-шефот на турската дипломатија, Садер Онал, и дека му била пренесена острата реакција на Турција во врска со изјавите на Бајден.
На американскиот амбасадор му е кажано дека Турција најостро ги осудува и во потполност ги отфрла неоснованите изјави на Бајден за настаните од 1915 година.
Од Министерството за надворешни работи на Турција исто така му е кажано на амбасадорот Сатерфилд дека изјавите на Бајден немаат никаков ефект во рамките на меѓународното право и дека длабоко го повредиле турскиот народ и нанеле рани на односите, што ќе бидат тешко залекувани.