Sertaç Bulur
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција се приведени најмалку 53 лица откако се издадени налози за приведување на 101 осомничено лице поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истрагата за „структурата на приватни служби“, тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот, кои презедоа акција за приведување на 101 осомничен за кои Главното обвинителство во Анкара издаде налози за притвор, извршија акција во 42 турски области.
Во акцијата која во раните утрински часови беше спроведена истовремено на различни локации, приведени се 53 осомничени. Се дознава дека се работи на приведување на осомничените кои биле во бегство.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.