Ekipa
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
КАРАЧИ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, присуствуваше на церемонијата на отворање на новата зграда на Конзулатот на таа земја во Карачи, Пакистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на церемонијата, Чавушоглу изјави дека новата зграда е симбол на турско-пакистанското пријателство, кое ќе се зајакне во иднина.
Ценејќи го трудот и знаењето кое го вложиле архитектите од Турција и Пакистан, но и на работниците кои учествувале во изградбата на новата зграда, Чавушоглу изјави дека турскиот Конзулат во Карачи ќе продолжи да игра улога во јакнењето на трговските вредности за ова пристаниште.
Изградбата на зградата, која е спој на турската и пакистанската културна градба, започна во 2017 година.
Чавушоглу се осврна и на проектот на турскиот Конзулат во Њујорк, чија изградба е во тек, а требаше да биде завршен до крајот на годината.
Споменувајќи ја визијата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кога станува збор за развојот, Чавушоглу додаде дека целта е да се работи на развојот и приоритетот, не само на Турција туку и на пријателските земји.
Амбасадорот на Република Турција во Пакистан, Ихсан Мустафа Јурдакул и генералниот конзул во Карачи, Толга Уџак, беа меѓу присутните на церемонијата.
Чавушоглу, кој престојува во дводневна посета на Пакистан, го посети и мавзолејот на Мохамад Али Џинах, основачот на Пакистан и положи цвеќе.
„Претходно шефот на турската дипломатија се состана со гувернерот Синд Имран Исмаил со кого разговараше за прашањата за јакнење на соработката на полињата за образование, здравство, наука и технологија и трговија“, извести пакистанската државна телевизија.
Чавушоглу изјави дека турскиот народ има посебно место во срцата на пакистанскиот народ и дека Анкара и Исламабад секогаш стоеле заедно во предизвикувачките времиња.
Двете нации, додаде тој, ќе продолжат да соработуваат на сите регионални и меѓународни прашања.
Исмаил се заблагодари на Анкара за поддршката на Исламабад за прашањето за Кашмир, како и за соработката кога станува збор за развојот на здравството, образованието, културата и другите сектори во Пакистан.