Muhammet Nazım Taşcı
14 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Автобус со работници кои работеа на изградбата на браната во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва се преврте во долината, при што загинаа 12 лица, а повеќемина се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека инцидентот во кој животот го загубија 12 работници кои работеа на браната Дасу, која се гради во регионот Горен Кохистан, не е експлозија, туку сообраќајна несреќа.
Во изјавата се наведува дека несреќата во која загинаа 12 лица, од кои 9 се кинески државјани, а многу луѓе се повредени, е предизвикана од техничка неисправност поради истекување на гас.
Нагласувајќи дека Пакистан е во координација со Кинеската амбасада во Исламабад, во соопштението се изразува сочувство за загинатите кинески и пакистански граѓани.
Претходно, во текот на денот, пакистанските власти реагираа на ова оценувајќи го инцидентот како „бомбашки напад“.
Браната Дасу која е во вредност од 65 милијарди долари се гради во рамките на Кинеско-пакистанскиот економски коридор (CPEC).
Од друга страна, на 21 април 5 лица беа убиени во напад на хотел во градот Кета.
Во истиот хотел престојуваше и кинескиот амбасадор во Исламабад, Нонг Ронг, но амбасадорот Нонг го преживеа нападот неповреден бидејќи во тоа време беше надвор од хотелот.