Mehmet Tosun
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 209.487, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.016 тестирања за Ковид-19, од кои 927 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 17 лица како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 1.010 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 4.572.688 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 226.100 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.613 лица.
На интензивна нега се наоѓа 1.249 лица, 387 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 209.487 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Разликата меѓу бројот на излекувани лица и нови случаи е приближна со вчерашната разлика“, напиша Коџа.