Deniz Açık
26 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БУРСА (АА) - ДЕНИЗ АЧИК -
Убавите заливи во Турција преку процесот на контролирано нормализирање по мерките преземени против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), повторно ги пречекуваат своите домашни и странски туристи.
Туристите кои за мирен и пријатен одмор ја избираат Турција која од три страни е опколена со море, може да уживаат во уникатните заливи каде се обединува сината и зелената боја.
БУРСА (АА) - Убавите заливи на Турција преку процесот на контролирано нормализирање по мерките преземени против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), повторно ги пречекуваат своите домашни и странски туристи ( Semih Yüksel - Агенција Анадолија )
Заливите во оваа земја со својата уникатна убавина ги привлекуваат домашните и странските туристи, а овие заливи се меѓу фреквентните места на љубителите на природата.
Екипата на АА од воздух ги сними овие заливи кои нудат различни алтернативи за оние кои сакаат изолиран одмор.
- Заливот Бадемли
Подрачјето на Дикили кое се наоѓа во турската област Измир, поседува бројни големи и мали неоткриени заливи.
Ова подрачје нуди алтернативна опција за тие кои сакаат уживаат во изолиран одмор.
Заливот Бадемли е еден од уникатните убавини каде се обединува сината и зелената боја.
Посетителите на овој залив може да ги видат и островите Гарип и Калем.
- Голем бисерен залив
Големиот бисерен залив се наоѓа во подрачјето на Фетхија во турската област Мугла. Ова место привлекува внимание со своите неоткриени природни убавини.
Овој залив е меѓу посетените дестинации од страна на домашни и странски туристи.
Големиот бисерен залив има мирно и чисто море, додека нуди и алтернатвно место и за љубителите на спортови на вода.
- Заливот Кадирга
Заливот Кадирга се наоѓа на 2 километри од местото Асос кое е познато како мирно место за одмор во турската област Чанаккале.
Исто така, овој залив за кој станува збор привлекува внимание со своите долги и шиорки плажи.
Со своето чисто море, на посетителите им нуди можност за пливање уживајќи и во зелените планини кои се наоѓаат тука.
- Заливите во Кастамону очекуваат посетители
Заливот Гидерос во подрачјето на Џиде и заливот Гинолу во подрачјето на Чаталзејтин кои се наоѓаат во турската област Кастамону, ги откриваат сите убаниви на природата.
Со своите природни убавини овие места нудат прекрасна глетка, а ги привлекуваат и љубителите на природата.
- Заливот Сардала
Заливот Сардала се наоѓа во местото Кандира во западниот дел на Црното Море.
Овој залив ги привлекува посетителите со својата уникатна природа.