Halil Demir
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Турската полиција во Истанбул уапси наркодилер кој се бара со меѓународна потерница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на Одделот за борба против криумчарење дрога во истанбулскиот кварт Саријер уапсија машко лице по потекло од Јордаан В.И. А.К. (W.I.A.K.)
Тој пред три дена е уапсен во луксузна вила во која во текот на претресот се запленети повеќе фалсификувани пасоши и други лични документи.
Уапсениот користел лажни идентификациски документи, а со истрагата е утврдено дека имал државјанства на Северна Македонија, Србија, Јордан, Бразил и Шпанија.
Станува збор за криумчар со дрога кој се обвинува дека во 2017 година од Бразил во Европа прокриумчарил 545 килограми кокаин и за кој Бразил затоа распишал две меѓународни црвени потерници. Уапсениот во Бразил е правосилно осуден на затворска казна во траење од 23 години.
Се очекува дека уапсениот ќе биде испорачан во Бразил.