Saadet Gökce
20 Февруари 2026•Ажурирај: 20 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени денес го потресе регионот Хиндукуш, во Авганистан, јави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки, пренесува Анадолу.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 79 километри во 17:39 часот по локално време.
Земјотресот е почувствуван во главниот град Кабул и соседните покраини.
Нема јавувања за жртви или причинета материјална штета.