Emel Öz Gözellik
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Во североисточниот дел на Пакистан се почувствува земјотрес со јачина од 5,8 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,8 степени се наоѓа 1 километар југоисточно од Нов Мирпур, на длабочина од 10 километри.
Се дознава дека земјотресот се почувствувал и во подрачјето на главниот град Исламабад, градот Лахор и во некои делови на Индија.
Засега нема информации дали земјотресот што го потресе Пакистан предизвикал човечки жртви или материјална штета.